Посна паштета (без масло)

од desk2
869 прегледи

За време на велигденските пости, секогаш нѝ недостасуваат рецепти за посни намази. Ви донесуваме еден, испробан и многу вкусен.

Состојки
125 гр ореви
125 гр лебни трошки
50 гр лупен сончоглед
300 мл вода
2 лажици сенф
2 лажици таан
4-5 лукчиња
1 лажица мешан сув зачин
сол, бибер, сок од лимон по вкус

Подготовка

Оревите и сончогледот се мелат во машинка за мелење ореви или сечко.
Лукчето со малку сол го толчиме во аван, до кремаста состојба. Ако немате свеж лук, половина лажичка лук во прав е доволно.

Сите состојки ги промешуваме и ги попаруваме со зовриената вода.

Матиме со миксер или со рачна маталка за да се соедини смесата, а може и само со лажица.

Додавајте ја постепено водата, за да ја добиете посакуваната густина. Калкулирајте со зачините за да го добиете вкусот по желба.
Излегува околу 500 гр паштета.

Слични содржини