Сигурно ви се има случено да се изнервирате кога некој доцни и не го почитува вашето време и договорот. Но, наместо да се лутите, би требало да се угледате на таквите личности, бидејќи нивниот став дека сè ќе постигнат и дека нема потреба за брзање, воопшто не е погрешен.

Научниците дошле до заклучок дека на луѓето кои постојано доцнат минутата им трае 77 секунди, а на другите 58 секунди. Тие по природа се оптимисти, не се под стрес и поради тоа имаат шанса подолго да живеат.
Никогаш нема да прифатат пораз, а и во лошите работи гледаат добро. И кога доцнат, времето работи за нив.
Значи, кога следниот пат ќе го испуштите автобусот или заглавите во сообраќајот, бидете опуштени. Нема да дојде крајот на светот ако доцните.