Основачкото собрание на Венецуела му го одзеде парламентарниот имунитет на опозицискиот лидер Хуан Гуаидо и му овозможи на Врховниот суд да поднесе тужба против него под обвинение дека се е самопрогласена за претседател на земјата, ” узурпатор ”  на функциите на легитимниот претседател Николас Мадуро , соопшти агенцијата “Франс Прес “.

 

“Народот е категоричен и ништо нема да не спречи , тие само заработија малку време што Венецуелците губат во часови без струја, без вода, со човечки жртви. Нема враќање назад “, изјави Гуаидо за одлуката на институцијата која тој не ја признава за легитимна .

Потсетуваме дека  на крајот на март против опозицискиот лидер започна истрага поради наводно “узурпирање” на функциите од  претседателот Мадуро, кој освен тоа го обвинува и во подготовка на атентат врз себе.

Иако се смета за наместена сепак  не се очекува Гуаидо да биде уапсен , бидејќи делото мора прво да се врати на Врховниот суд, кого  Гуаидо го обвини во команда и подреденост на Мадуро .