Необична употреба на маслото

од Vladimir Zorba
142 прегледи

Маслото секојдневно го користиме за салати, супи, сосови, за пржење, печење и сл., но дали сте знаеле дека постојат и други корисни, но невообичаени начини да се користи тоа, а нема а никаква врска со консумација. За да извадите од пртот заглавен прстен

Освен што помага да го извадите заглавениот прстен од потечен прст, маслото ја потхранува кожата благодарение на корисните масти во својот состав, особено ако станува збор за маслиново масло.

За да ја голтнете полесно голема таблетка или капсула

Некои луѓе имаат тешкотии при голтање таблети, понекогаш и кога станува збор и за не толку големи. Ако ви е тешко да ги земате лековите, намачкајте ги со масло пред да ги ставите во уста. Пренесувањето на таблетите низ грлото станува многу полесно на овој начин.

За да извадите гума за џвакање од коса

Заглавената гума за џвакање во косата може да биде вистинска катастрофа. Понекогаш ситуацијата е толку лоша што мора да се крати косата, но за да не се случи тоа користете масло. Добро намачкајте го местото околу гумата за џвакање и косата околу неа. Почнете со триење меѓу прстите. Малку помалку гуми за џвакање ќе ја отстраните од косата, а таа ќе остане неоштетена. Потоа измијте ја косата со шампон