За една недела во Македонија регистрирани се уште 109 случаи со мали сипаници. Според анализите на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) од декември лани, кога почна епидемијата во Скопје, заболеле 767 лица од морбили. Само во Скопје епидемиолошки поврзани и пријавени се 575 случаи.

Од Институтот исто така информираат дека од новите случаи 49 се од Скопје, при што околу 90 отсто се непотполно или воопшто невакцинирани или со непознат вакцинален статус.
Како што велат ИЈЗ според постојано живеалиште, заболени од морбили се пријавени во 20 градови во Македонија.
-Од нив 521 случај се од Скопје, 63 од Тетово, 61 од Куманово, 27 од Струга, по 18 заболени се од Гевгелија и Дебар, 15 од Гостивар, 12 од Велес, 11 од Кичево, и по 4 од Кочани и Штип- велат од ИЈЗ.
Највисока инциденца на мали сипаници на 100.000 жители се регистрира во Струга.
Во останатите градови во Македонија се регистрираат спорадични случаи.