Со помош на овој поебен додаток за iPhone корисниците ќе можат да го постават својот телефон на микроскоп и да гледаат неверојатни работи кои ние луѓето не можеме да ги видиме со голо око. Не само што можат да ги гледаат, туку можат и да фотографираат се што ќе видат на микроскопот.

Без додатокот наречен Labcam тешко е да се наместо доволно прецизно камерата од телефонот со оптиката на микроскопот, па сите фотографии што ќе ги направите веројатно ќе бидат матни. Овој гаџет ви овозможува да го поставите својот iPhone во совршена позиција и да направите навистина уникатни фотографии во висока резолуција.
Додатокот можете да го поставите на речиси сите микроскопи и навистина го олеснува бележењето на сите откритија при истражувањата.
https://www.facebook.com/InTheKnowInnovationAOL/videos/418312752276117/