Британската актерка Хелен Мирен е победник на листата на најубаво остарените ѕвезди. Ова е студија на шведска велнес компанија, која направи рангирање меѓу дамите и мажите.
73-годишната Мирен беше неспорен лидер на интернет. 92-годишната кралица Елизабета Втора е рангирана на второ место, а трета е Мадона, која има 60 години.
Во топ 10 се наоѓаат уште Доли Партон (73), Шер (72), Џуди Денч (84), Тина Тарнер (79), Ким Бесинџер (65), Шерон Стоун (61) и Сузан Сарандон (72).
Листата за најубаво остарените пет мажи се предводи од Ричард Гир (69), а по него се Лиам Нисон (66), Пирс Броснан (65), Арнолд Шварценегер (71) и Харисон Форд (76).