Јанева ќе истражува чии пари Груевски троши во Будимпешта

од desk2
105 прегледи

Специјалното јавно обвинителство најавува финансиска истрага за парите кои ги троши поранешниот премиер Никола Груевски во Будимпешта.

„Не завршивме уште со истражувањето на Никола Груевски во делот на имотната состојба. Имаме намера, покрај финансиската истрага што веќе се води, да побараме меѓународна правна помош кои се изворите на пари од кои се издржува лицето Никола Груевски во таа странска држава“, вели Катица Јанева во ексклузивно интервју за „Независен весник“ .

Поранешниот премиер по правосилната пресуда со која беше осуден за случајот „Тенк“ наместо во затвор избега од земјава и доби азил во Будимпешта, Унгарија. Пред правосилната пресуда Груевски ги испразни своите сметки на кои имаше околу 120.000 евра, а сега добива пратеничка плата која неговите колеги му ја намалија. Тој е осуден, обвинет и осомничен во неколку случаи на Специјалното јавно обвинителство, а неколку пати во јавноста се појавија фотографии и снимки од неговиот престој во Будимпешта.

Јанева сепак смета дека одговорноста за неговото бегство не треба да се бара кај Специјалното јавно обвинителство./Nezavisen vesnik