


За трката се пријавени 260 учесници, меѓу кои претставници на воено-дипломатските претставништва во државата, вработени во Министерството и припадници на Армијата, како и граѓани.
Натпреварувачите ќе трчаат на патеката во должина од пет километри за мажи и три километри за жени, а најдобрите учесници во машка и женска конкуренција ќе бидат наградени со учество на меѓународен маратон надвор од државата.
На отворањето на трката на Воениот стадион во Градскиот парк ќе учествува министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, началникот на генералштабот на Армијата Васко Ѓурчиновски, шефот на НАТО канцеларијата за врски Зоран Јанковиќ и амбасадорот Семуел Жбогар.
Текстовите, фотографиите, видеоматеријалите и другите содржини што ги објавува „lokalno.mk" се авторски.
Во ниту еден случај не е дозволено нивно бесплатно преземање без дозвола од редакцијата на Lokalno.
Доколку се добие дозвола, текстовите, фотографиите, видеоматеријалите и другите содржини дозволено е да се преземат со задолжително наведување на изворот и авторот со вметнување на директна интернет-врска (линк) до оригиналната содржина на „lokalno.mk".
При добивање на одобрување од редакцијата за превземање на текст, може да се превземе само дел од новинарско дело насловот, придружната фотографија (односно насловната фотографија) и воведниот дел на текстот, познат како „лид"
Преземање содржини од „lokalno.mk" надвор од овие услови не е дозволено и подложи на санкционирање согласно Законот за авторски и сродни права.