Додека Велика Британија се обидува да го продолжи својот престој во Европската Унија, по се изгледа британските пасоши не го следат тој пат. Деновиве е издаден првиот пасош на кој повеќе не пишува Европска Унија на предната корица, објави Телма.

Во меѓувреме, продлжуваат разговорите меѓу власта и опозицијата во Лондон за да се реши застојот околу Брегзит. И покрај најавата на опозициските Лабуристи дека во разговорите нема напредок, бидејќи владејачките конзервативци не нудат промени или компромис, денеска канцеларот Филип Хамонд е оптимистичен и очекува некаков облик на договор.