164
Брза и вкусна гурманска салата…
СОСТОЈКИ:
2-3 лажички масло
свежи листови од глуварче
варени јајца
сува сланина Пекабеско
2-3 лажици оцет
2-3 лажици вода
сол
млад кромид
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Листовите од глуварче, собрани исклучиво пред цветање, добро измијте ги и исечкајте ги на крупно.
На малку масло пропржете сечкана сланина, додајте мешавина од вода и оцет, па сè заедно кратко згответе и со тоа прелијте ги исечканите листови глуварче. Исечканите јајца исто така додајте ги во салатата, а на крај украсете со исечкан млад кромид.