Град Скопје ќе гради пешачки натпатник во општина Аеродром

од desk2
181 прегледи

Градот Скопје објави оглас за проектна документација и идејни решенија за изградба на натпатник на булеварот „Србија“во близина на улицата „Тоше Проески“.

Булеварот „Србија“ е една од најфрекфентните сообраќајници во Скопје е од особена важност за поврзување на општините Гази Баба, Аеродром и Кисела Вода. Големата фрекфенција на возила ја наметнува потребата од изградба на пешачки натпатник.

Според Градот Скопје и информациите објавени во тендерската документација новиот натпатник сериозно ќе ја зголеми безбедноста на пешаците на тој дел од општина Аеродром.