Турнејата на Спајс Грлс пропаѓа по лезбејскиот скандал

од Vladimir Zorba
189 прегледи

Светската турнеја на Spice Girls нема да се одржи откако Мел Би призна дека имала лезбејска вечер со Гери Хорнер. Тензиите меѓу двете ескалирале до таква мера, дека тие не можат да седат во иста соба, пишува Mail On Sunday.

Групата ќе ги одржи концертите во Велика Британија, бидејќи за нив веќе потпишала железен договор, но во Австралија и Америка настапите им се замрзнати засега.

Извори открија дека по интервјуто на Мел Би со Пирс Морган, Мел Си и Ема Бантон влегле во улогата на мировници, бидејќи чоколадната пејачка била во хистерија. Таа не можела да се помири дека Гери одрекувала се што случило меѓу нив пред многу години и така ја прикажала неа како лажга.

“Мел е целосно револтирана од негирањето на Гери на случката. Таа смета дека Гери се обидува да направи лажга од неа со бришење на историјата меѓу нив “, објасни извор пред The ​​Mirror.

Самата Гери изјави дека ги сака сите нејзини колешки и нема трпение да се соберат за јавни настапи. И за она што го рече Мел, таа коментираше:

“Сите пет спиевме во креветот во нашата хотелска соба. Нарачавме храна, гледавме филмови, разговаравме заедно. Сакавме да го поминеме целото време. Не беше голема работа, се познаваме од 20 години. Тоа беше нешто што се случи во текот на ноќта. Не го негирам, но беше нешто мало и следниот ден се смеевме за тоа што се случило … Сигурно не е нешто значајно, особено за оние години и тие времиња. ”

Мел Си од своја страна изјави дека за прв пат слуша за слична сексуална вечер меѓу двете и тоа е вест за неа.