Започнуваат четвртфиналните битки во Лигата на шампионите

од Vladimir Zorba
145 прегледи

Со дуели на три од четирите англиски претставници денеска во 21 часот започнуваат четвртфиналните мечеви од Лигата на шампионите. Тотенхем е домаќин на Манчестер Сити на својот нов стадион, а финалистот од лани, Ливерпуле домаќин на Порто.

Ливерпул и Порто се соочуваат еден против друг втора година по ред. Во 2018 година, англискиот и португалскиот клуб се сретнаа во осминафиналето. Тимот на Јирген Клоп победи со 5: 0 во првиот натпревар, додека реваншот заврши без голови.

Двата тима имаат шест меѓусебни натпревари во европските клупски турнири. Тимот од Мерсисајд освоија три од нив, три натпревари завршија нерешено, а гол разликата е 12:2.

Двете екипи се натпреваруваат силно оваа сезона. Порто освои 16 поени од 18 можни во групите на Лигата на шампионите, откако постигнаа 15 гола и дозволија шест во натпреварите со Шалке, Галатасарај и Локомотив (Москва).

Во португалското првенство „змејовите“ водат битка за титулата со Бенфика. Шест круга пред крајот на сезоната, двете екипи имаат еднаков број поени на врвот – 69.

За Порто претстои и финале на Португалскиот куп на 25-ти мај со Спортинг. Тие веќе одиграа едно финале во 2019 година – во Лига Купот, откако тимот од Лисабон освои драматична победа на пенали, откако губеше со 0:1 до последните секунди на регуларното време.

Ливерпул, исто така, води жестока борба за титулата на домашната сцена. Шест кола пред крајот на сезоната во Премиер лигата тимот на Клоп има два поени предност пред шампионот Манчестер сити, кој сепак одигра натпревар помалку.

Тотенхем и Манчестер Сити ќе играат три важни натпревари во рок од 11 дена. Серијата започнува вечерва во новиот „Тотенхем стадион“, кој беше отворен минатата недела при победата над Кристал Палас. Таа ја прекина серија од пет последователни натпревари без успех за „петлите“, вклучувајќи и четири порази.

Следната среда е реваншот помеѓу Тотенхем и Сити на „Етихад“. На 20 април, двете екипи повторно ќе се состанат во Манчестер во меч кој може да биде клучен за битката за титулата во Премиер лигата.

Манчестер Сити има шанса да направи една од најголемите сезони во фудбалот. Тимот на Пеп Гвардиола се соочува со историско достигнување – да ја освои титулата, двата национални купа и Лигата на шампионите.

„Граѓаните“ веќе триумфираа со Лига Купот, а во саботата се квалификуваа за финалето на ФА Купот на Англија, каде што ќе играат со Ватфорд. Ниту еден тим во современата историја на фудбалот не успеал да освои четири големи турнири во една сезона.

„Речиси невозможно е да се освојат сите трофеи. Тоа е вистината. Никој не го направил досега, па зошто треба да се очекува тоа од нас“, изјави Гвардиола по пласманот во финалето за Купот на Англија.

Според букмејкерите сепак „граѓаните“ се фаворит бр.1 како во Лигата на шампионите, така и во Премиер лигата.

Сити и Тотенхем никогаш не се сретнале на европска сцена. Тимот од Манчестер има само два дуела со англиски тимови – против Ливерпул во четвртфиналето на Лигата на шампионите минатата сезона и против Челзи во полуфиналето на Купот на Победниците на Куповите во 1971 година. И во двата случаи „граѓаните“ отпаѓаат, откако дозволуваат два порази.

Тотенхем има три судири со англиски тимови, но сите три се одамна. Во 1963 година „петлите“ ги победуваат Манчестер јунајтед со 2:0 во Лондон, но губат на реваншот со 1:4 и отпаѓаат во првиот круг на Купот на Победниците на Куповите.

Во 1972 година, „петлите“ гоосвојуваат Купот на УЕФА по победата со 2:1 и реми 1:1 против Вулверхемптон во финалето. Една година подоцна, лондонскиот тим губи во полуфиналето, откако си разменуваат по една победа со Ливерпул, но отпаѓаат поради гол на гостински терен.