Прекрасен посен десерт.
Потребно е:
250 г маргарин, на собна температура
130 г шеќер во прав
1 кесичка ванилин шеќер
300 г брашно
200 г мелен афион
џем, по желба
Подготовка:
– Вклучете ја рерната да се загрее на 170 степени. Земете две тави за печење и обложете ги со хартија за печење.
– Во еден сад ставете ги маргаринот, шеќерот во прав и обичниот шеќер. Изматете ги убаво додека маргаринот не стане пенест. Додадете ги брашното и мелениот афион и со рака замесете тесто.
– Поделете го тестото на неколку дела и еден по еден развлечете ги меѓу две пластични фолии. Тргнете ја горната фолија и со чаша или калап исечете кругови од тестото. Наредете ги круговите тесто на хартијата во тавите и ставете ги да се печат во загреана рерна 8-10 минути.
– Печените колачиња оставете ги малку да се изладат затоа што ќе бидат меки, а потоа префрлете ги во чинија и оставете ги убаво да се изладат.
– Изладените колачиња спојувајте ги две по две со џем. Чувајте ги во метална кутија.