Гурмански ручек: Вариво со компири и шампињони

од desk2
116 прегледи

Вкусен гурмански рочек кој ќе го обожавате!

СОСТОЈКИ:
500 гр јунешко месо без коски
5 компири
2 моркови
1 главица кромид
350 гр шампињони
сол
бибер
мешавина од зачини
црвена пипер
1 лажица брашно
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
На малку масло пропржете ситно сечкан кромид, па кога ќе стане стакласт додајте јунешко исечкано на коцки. Зачинете по вкус, па прелијте со вода и гответе околу 50 минути.
Додајте исечкани компири и моркови. Зачинете со мешавина од зачини и гответе околу 20 минути. По потреба долијте вода.
На масло пропржете шампињони исечкани на листови па додајте ги во месото.
На малку масло пропржете лажица брашно и лажица мелена црвена пипер па додајте во месото со зеленчук. Побиберете и оставете да крчка на слаб оган уште пет минути па послужете.

Слични содржини