174
Направете шпагети на медитерански начин и уживајте во богатата комбинација од риба и домати.
СОСТОЈКИ:
1 главица кромид
2 чешниња лук
1 лажица пасирани домати
3 свежи домати
1 ловоров лист
1 лажичка оригано
8 филети бела риба (може и од конзерва)
3 лажици пармезан
сол
бибер
1 лажичка шеќер
3 лажици путер
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Во поголема тава загрејте масло, додајте кромид и лук, па лесно пржете додека кромидот не пожолти. Додајте домати, пасирани домати, ловор и оригано.
Добро измешајте и лесно гответе околу 20 минути или додека не добиете густ сос. Додајте сечкани солени филети риба и гответе 2-3 минути.
Додајте пармезан, сол, бибер и шеќер, па добро измешајте. Готовиот сос прелијте го преку зготвените шпагети.