За многу фанови на Спајс Грлс, признавањето на Мел дека имала лезбејка афера со Гери Хорнер беше целосно изненадување. Не и за оние сепак, кои ги прочитале мемоарите на чоколадната спајсица кои таа ги објавува во 2002. Во нив познатата како Скери Спајс, ги опишува односите со својата колешка “како љубовници” и открива како често се возела по автопатите со неа топлес.
“Понекогаш, со Гери, целата сабота возевме под звукот на Министри оф саунд. Возевме на автопат со голи гради и се смеевме. Сè беше многу комично, се додека човек кој изгледаше чудно не нè забележа и не почна да се вози паралелно со нас.
Имаше психопатски на неговото лице, и мислев дека мастурбира. Со Гери, бевме многу исплашени, мислевме дека е како оние изродите на автопатот со секира во автомобилот. Гери заврти и ние избегавме од него. Бевме потресени, но дали престанувавме да ги покажуваме нашите гради на патот? Не “, вели пејачката.
По објаснувањата дека имала бурна сексуална ноќ со Гери, се зборуваше дека двете ѕвезди имале скандал, кој ќе влијае на меѓународната турнеја на Спајс грлс. Се уште нема официјална вест дали ќе останат само концертите во Велика Британија или настапи на пејачките ќе има и во Австралија и во Америка.