Пи Диди му се извини на Алекс за коментарот на слика на Џеј Ло

од Vladimir Zorba
130 прегледи

Откако Џенифер Лопез и Алекс Родригез се верија пред околу еден месец, почнаа разни шпекулации за тоа дали едниот го изневерува тајно другиот и колку нивниот однос е одржлив. И двете ѕвезди имаат долг список со освојувања и додека спортист беше веќе вмешан во неверство, пејачката покрена прашалници по коментар на нејзината слика од поранешниот дечко – Пи Диди.

Станува збор за нејзино селфи на кое позира во спортски аутфит, демонстрирајќи го затегнатиот стомак, за кое раперот го пушти коментарот “О Боже” со емотикон на вљубено човече. Љубоморниот Родригез веднаш напиша одоздола “Јас сум среќник”, алудирајќи на фактот дека сега тој е со Лопез.

Размената на коментари стана повод за озборувања и шпекулации дека Лопез тајно одржува односи со поранешниот, со кого беа заедно во периодот 1999-2001, но латино  ѕвездата побрза да ја разјасни ситуацијата.

“Само за ваша информација, Диди му пиша на Алекс за да се извини. Неговата порака беше нешто во стилот: “Јас немав никакви задни мисли. Многу те почитувам и среќен сум за тебе “, објасни Лопез во утринското шоу.

“Бевме љубовници како млади, тоа беше пред векови. Беше друг тип врска, практично бевме деца”, коментира уште ѕвездата. И додека таа го чисти името од потенцијални љубовни скандали, вереникиот исто така беше обвинет за неверство од Хозе Кансеко, која тврди дека Алекс ја измамил Лопез со неговата поранешна сопруга Џесика.

Самата Џенифер видливо не е загрижена од овој факт, иако Родригез е познат како плејбој во шоу бизнис круговите после многубројните врски со дами како Деми Мур, Тори Вилсон, Камерон Дијаз, Кејт Хадсон, Бетани Франкол, Мадона, Синтија Скртис.

“Не е важно што се зборува, јас знам која е вистината и тој знае. Ние и двајцата си веруваме и сме среќни заедно. Нема да им дозволиме на други луѓе да се обидуваат да ја утврдат нашата врска, јас знам најдобро каква е таа “, рече пред неколку дена пред Charlamagne дивата.