Ијан Когнито од старт не се чувствувал добро, но инсистирал шоуто да се одржи

Стенд ап комичарот Ијан Когнито починал на сцена и публиката продолжила да се смее, мислејќи дека тоа е дел од неговиот настап.
Трагичниот настан се случил во бар во англискиот град Бистер, кога 60-годишниот Когнито во еден момент почнал да го губи здивот и седнал на столче и во таа положба останал пет минути, пред останатите да сфатат дека нешто не е во ред. Лекарите го прогласиле Когнито за мртов на самото место.
Ендрју Брд, сопственикот на барот, изјави дека Когнито од старт не се чувствувал добро, но инсистирал шоуто да се одржи.
„Сите, дури и јас, мислевме дека се шегува“.
Когнито, чие вистинско име беше Пол Барбиери, настапуваше од средината на 1980-ите.