Многумина својот режим на исхрана го дефинираат според саканата фигура и форма, други пак, си
поставуваат ограничувања поради религиозни причини, а на трети воопшто не им е грижа како и со
што сè се хранат.

Во сите три случаи треба да се прашаме себе си – дали начинот на исхрана и воопшто на живот не
му штети на нашето здравје? По тој повод, стручни лица од Германија посочуваат како да ги
заштитиме стомакот и цревата од болести.
1. Кажете им „не” на лошите навики!
Пушењето двојно го зголемува ризикот од киселините во желудникот, а алкохолот може да
предизвика крварење во цревата. Една причина повеќе за откажување од овие навики.
2. Редовно вежбање
Истражувањата покажуваат дека редовните вежби ги намалуваат причинителите на воспаленија во
нашето тело и ја стимулираат преработката на храната.