Денеска во попладневните часови поради циклонот Кристијан западните и југозападните предели се зафатени од влажна и нестабилна воздушна маса која е проследена со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Врнежите ќе продолжат во овие делови и во текот на вечерните како и во ноќните часови, информира метеорологот на Славчо Попоски.

Поради спуштањето на постудена воздушна маса од север на планинските места има врнежи од снег каде е формирана снежна покривка, следната снежна бајка доаѓа од скијачкиот центар Попова Шапка.
Инаку на планинските места врнежите од снег ќе продолжат и понатаму па така и снежната покривка ќе се зголеми (на некои места истата ќе се зголеми и за над 10 цм) и тоа особено на високите планински места.
Локално пак ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер додека не се исклучува можноста и за ретка појава на град. Ќе започне да дува северен ветер на повеќе места а особено на северот повремено ќе засилува на интензитет.
На овие места врне во моментов:
