Џастин Бибер неодамна рече: “Ништо не е пред моето семејство и моето здравје”, и дефинитивно го следи ова мото. Пејачот со неговата сопруга, Хејли Болдвин, само што се преселија на имот од 8,5 милиони долари.
Изгледа тазе сопрузите се мотивирани да го претворат својот дом во култ на нивната љубов еден кон друг и се погрижиле со ентериерот. Моделот им покажа на фановите мали делови од станот, вклучувајќи и неонски знак со зборовите: “Љубов засекогаш”.

Не само постојаното повторување на љубовните слова, туку и огромниот телевизор изгледа е меѓу работите кои ја одржуваат семејната среќа во спалната соба на двојката.

Надвор од неа младите личности кои се венчаа на тајна церемонија во крајот на минатата година, продолжуваат да изгледаат силно вљубени и не престануваат да ја покажуваат нежноста и чувствата еден кон друг со бакнежи и допири.