Колони автомобили веќе почнаа да се движат кон центарот на Скопје за големиот митинг на претедателскиот кандидат Стево Пендаровски. Скопјани се собираат и пред општинските штабови на СДСМ.
174
Под мотото „Заедно Напред!“, денеска во 14 часот во Скопје ќе се одржи голем граѓански митинг за поддршка на Стево Пендаровски за претседател на Република Северна Македонија.
Митингот ќе започне со граѓански марш пред зградата на Црвениот крст и ќе заврши со голем граѓански собир во центарот на Скопје, пред седиштето на Делегацијата на ЕУ во 14 часот.
Во официјалната програма на големиот граѓански собир – митинг ќе се обратат: Зоран Заев, претседател на СДСМ, Стево Пендаровски, заеднички кандидат за претседател на Република Северна Македонија, Бујар Османи, од ДУИ и Наумче Мојсовски, спортист, ракометар, соопштуваат од СДСМ.
Кандидатот за претседател на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата, Гордана Силјанова Дафкова која централен митинг во главниот град имаше вчера, денеска собири ќе има во Велес и Свети Николе.
Кандидатот за претседател Блерим Река, кој е поддржан од Алијансата на Албанците и Движењето БЕСА, вечерва ќе има средби со граѓаните на Желино.
Кампањата ќе трае до 19 април, по што ќе следува 24 часовен изборен молк пред денот на гласањето во првиот круг што ќе се одржи на 21 април.