Германците тестираа – кој SUV троши најмногу?

од desk2
201 прегледи

Германски новинари од медиуми специјализирани за автомобили решија да ја тестираат потрошувачката на најпопуларната класа возила во светот – SUV.

Беа тестирани вкупно 25 модели на „теренци“ што ја поминаа истата траса од 155 километри: 61 километар магистрален пат, 54 километри автопат и 40 километри возење во градска средина.

Титулата „најжеден“ SUV модел ја понесе Mercedes-AMG G63 кој троши 17,4 литри на 100 километри.

Следи Sledi Bentley Bentayga W12c со 15,9 литри, а трет е уште еден Mercedes-Benz – GLS 500 4Matic со потрошувачка од 15,8 литри на 100 километри.

Четврти на листата е Jeep Grand Cherokee SRT со 15,6 литри, а петтата позиција ја делат BMW X5 M од 2010 година и Porsche Cayenne Turbo S од 2015 година со просечна потрошувачка од 15,5 литри гориво на 100 километри.

Слични содржини