Направете совршен сос од шампињони

од desk2
403 прегледи

Збогатете го вкусот на јадењата со вкусен сос од шампињони.

СОСТОЈКИ:
500 гр шампињони
1 праз
2 чешниња лук
2 гранчиња темјан
2 прстофати сол
малку мелен црн бибер
100 мл бело вино
200 мл слатка павлака
маслиново масло
1 гранче свеж магдонос
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Шампињоните исечкајте ги на парчиња. Празот измијте го, исушете го и исечкајте го на тенки кругчиња.
Во загреан сад ставете маслиново масло, издробен лук, темјан и лесно запржете. Додајте праз и динстајте на среден оган 7-8 минути, додека не омекне.
Додајте шампињони и продолжете со динстање уште 10 минути додека шампињоните не омекнат. Прелијте со вода и динстајте додека алкохолот не испари и течноста не се намали.
Посолете и побиберете па додајте слатка павлака и гответе уште 5 минути додека сосот не се поврзе.
Посипете со ситно сечкан магдонос и послужете со главното јадење.
Добар апетит!

Слични содржини