Американската актерка Џорџија Енџел , позната по улогата во серијата ,,Сите го сакаат Рејмонд” , почибна денеска на 71 годишна возраст.

Актерката почина во својот дом во Принстон , Њу Џерси. Причината за смрттта на е позната , но нејзиниот адвокат , Џон Килти , кој го спроведува тестаментот , вели дека таа припаѓала на христијанска заедница , во која за здравствените проблеми не се бара лекарска помош. Според учењето , секоја болест може да се излекува со молитва.
Ејнџел пет пати беше номинирана за наградата Еми , од кои три пати за улогата на тештата на Пет МекДугал во серијата ,,Сите го сакаат Рејмонд”. Таа како телевизиска актерка глумеше повеќе од 50 години и тоа во десетици серии и филмови. Добитник е и за актерски награди како театарска актерка на Бродвеј.