Сочен ручек од рерна…
СОСТОЈКИ:
600 гр компири
1 морков
2 помали тиквици
1 главица кромид
1 домат
лук во гранули
3 лажици пченкарно брашно
2 лажици гриз
зачин
сол
бибер
лута пипер
1 кесичка супа од печурки
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Компирите, тиквиците и морковот исчистете ги и исечкајте ги на кругови. Посолете, додајте зачин. Кромидот и доматите исечкајте ги на кругови. Во компирите, морковот и тиквиците додајте бибер, пипер, лук, масло, пченкарно брашно и гриз и сѐ добро изедначете.
Плехот намастете го и наредете компири во плехот. Додајте кромид и домати, ставете помеѓу комприте.
Кесичка со мешавина од шампињони разматете во млака вода околу 250 мл и прелијте преку компирите.
Уште малку намастете, посипете со магдонос и печете на 220 степени околу 40 минути.
Добар апетит!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“: