Sony претстави телевизор поголем од автобус

од desk2
128 прегледи

Ако мислевте дека телевизорите 8K се напредни, нема да можете да му се изнагледате на најновото ремек дело на јапонскиот гигант Sony – масивниот екран 16K. Екранот е долг 19,2 метри и како што пишува ВВС, поголем е од еден автобус. Висок е 5,4 метри, односно исто колку една жирафа или два ката. Има 16 пати повеќе пиксели отколку течевизорите 4K и 64 пати повеќе отколку еден HD телевизор.

За жал, телевизорот не е во продажба. Ќе биде инсталиран во истражувачки центар на јапознаката козметичка куќа Shiseido во Јокохама, јужно од Токио. Толку е голем што ќе зафати два ката и ќе прикажува содржини специјални креирани од Sony.

Sony го најави новиот телевизор на саемот на Националната асоцијација на радиодифузери во Лас Вегас. Телевизорот е направен со спојување на многу помали екрани. Бидејќи нема рабови на екраните, незабележително се спојуваат и формираат еден масивен дисплеј.

Дисплејот ја користи технологијата Crystal LED, што е јапонска верзија на Sony за Micro LED. Нема потреба од осветлување во позадина и како што тврдат од Sony, екранот е посветол од OLED екраните.