Бираме претседател, државник или бираме талент на некое риалити шоу?

од Vlatko K
201 прегледи

Да прашам – бираме претседател, државник или бираме талент на некое риалити шоу?
Се ближи крајот на кампањата за претседателските избори, а не видов ниту едно, ама баш ниту едно пристојно, а камоли професионално интервју со кандидатите, во кое тие би добиле можност и време да ги образложат своите програми во сферите на ингеренциите што ќе ги имаат. Надворешна политика, ништо, по некое бегло прашање за Фетхулах Ѓулен ( за односите со Турција која е стратешки партнер), ЕУ – имате 30 секунди, НАТО – дали ќе правите ветинг (жити се – 100то по важност прашање), Русија речиси ништо, амбасадори – имате 5 секунди, хибридни закани – ништо, стратегии – ништо, ориентации – ништо, економска дипломатија – што е тоа(!?), САД – имате 4 секунди, глобализација – вхат тхе фак, политички трендови – нада, безбедносен контекст – нула, регион – зиро, култура – компир, Уставен суд и гувернер на НБРМ – нула прашања.
Ама затоа, се изнаслушавме прашања за југото на Стево и за јогата на Гордана. Добро де разбравме едниот има Југо а другата игра твист. Па не бираме заменик претседател на месна заедница или шеф на пензионерски клуб. Граѓаните останаа покуси за тоа да ги видат размислувањата на кандидатите во поширок дијапазон, нивното знаење на меѓународната и регионалната политика, нивната ерудиција, логичко размислување, способност за изнесување на фактите на вистински начин, дипломатска зрелост, нивните погледи на светот, нивното животно кредо. Ништо, добивме натпревари во брзозборство и надвикување во некои 40 – 60 минути.
Зборот ми е – повредено е дури и основното право на гласачите да бидат правилно информирани за да може да донесат кредибилни одлуки. Ако ни е добро – тогаш НИШТО, ќе се најдат 100-тина души кои ќе ги прочитаме програмите, ама ќе немаме увид во тоа како кандидатот знае да ги пласира во живо, на средба со колега државник. Или дали воопшто ја знае својата програма – можеби напишана од други.
Конечно, малку да се има осет за државничкиот момент, за важноста на изборот, да се има сериозен пристап, елементарна пристојност во дебатата. Знам, знам сте гледале Hard talk на ББЦ или Conflict zone на Дојче веле или Hard Ball на Крис Метјус на МСНБЦ … тоа кога ќе пораснеме, кога државата ќе има 100-тина години плурална демократија и ќе има доволно еманципирано и медиумски писмено граѓанство да распознае лажна од вистинска вест, вистина од полувистина или местенка од добра намера. Се разбира – ако се има добри намери.

Фејсбук статус на Valentin Nesovski