Неодолив десерт: Банана сплит со чоколадо и кокос

од desk2
128 прегледи

Неодолив десерт кој ќе го обожавате!

СОСТОЈКИ:
170 гр темно чоколадо
2 лажици путер
1/2 мала шолја кокосово млеко
2 лажици темен рум
2 лажици кари
1 лажичка кора од лимета
200 гр слатка павлака
1 лажица шеќер во прав
4 банани
сладолед од ванила
мешани јаткасти плодови
кокос
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Чоколадото и путерот заедно растопете ги на слаб оган до глатка смеса. Потоа измешајте ги наредните четири состојки.
Павлаката и шеќерот во прав разматете ги во шлаг па изладете и држете во фрижидер до употреба.
Во сад наредете по 2 половини банани. Помеѓу додајте 3 топчиња сладолед од ванила.
Прелијте со топол чоколаден прелив. Додајте шлаг па посипете со кокос и иситнети јаткасти плодови.

Слични содржини