Европска конференција за медијација ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), Комората на медијатори и Амбасадата на Кралството Холандија во државава.
Експерти медијатори од Холандија, Швајцарија, Романија, Италија, Грција, Хрватска, Босна и Херцеговина заедно со домашни експерти, претставници на институции и стопанственици на повеќе панел сесии ќе дискутираат за важноста на медијацијата, како постапка за ефикасен начин на вонсудско решавање на споровите.
Во фокусот на конференцијата „Со развојот на медијацијата расте бизнисот“ е процесот на медијација во решавањето на економските спорови, европските искуства и следењето на светските трендови во таа област. Дополниелно ќе биде потпишан и меморандум за соработка.
На отворањето на конференцијата се најавени обраќања на министрите за правда, Рената Десковска, и за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија, Зоран Шапуриќ, претседателот на Комората на медијација Славе Младеновски, Данела Арсовска, претседател на ССК и Вилем Воутер Пломп, амбасадор на Кралството Холандија.