Неформален состанок на генералните секретари за европски прашања на Грција и Северна Македониј

од desk4
104 прегледи

Подготовка на заеднички комитет за поддршка на интегративниот процес на Северна Македонија во Европската унија, била темата на неформалниот состанок на генералните секретари за европски прашања на Грција и на Северна Македонија, Панајотис Павлопулос и Калинка Габер, одржан вчера во грчкото МНР, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопштуваат од грчкото МНР, во исчекување на ратификацијата на соодветниот Меморандум за соработка од грчкиот Парламент, генералните секретари за европски прашања на Грција и Северна Македонија се договориле за следните чекори.

Заедничкиот комитет произлегува од Акциониот план потпишан од премиерите на двете земји, Зоран Заев и Алексис Ципрас, на 2 април во Скопје.