Како Унаи Емери стана тренерот со најдобар почеток во историјата на Арсенал?

од Vladimir Zorba
150 прегледи

Пред една година, Арсенал се рангираше на шесто место во Англија и се бореше со разочарувањето што ја пропушти Лигата на шампионите за втора сезона по ред. Сега, 12 месеци подоцна, тимот е четврти во Премиер Лигата, и при пет преостанати игри имаат повеќе поени отколку што имаа на крајот од минатата сезона. Покрај тоа, „топџиите“ се наоѓаат во полуфиналето на Лигата на Европа и сонуваат за првиот европски трофеј од 1994 година.

Сето ова се должи на една личност – Унаи Емери. Баскискиот стратег дојде со тешка задача да го замени Арсен Венгер, кој го водеше тимот 22 години, и десет месеци подоцна стана миленик на навивачите. Со ограничени можности и минимални пари за трансфери, тој го трансформираше својот тим, држејќи го настрана од типичниет кризи од претходните сезони.

Лично, Емери, исто така, има многу да се гордее. Во натпреварот со Наполи во четвртокот вечерта тој го забележа својот 50-ти меч на чело на лондонскиот тим. И благодарение на успехот на „Сан Паоло“, Емери стана менаџер со најмногу победи во првите 50 натпревари на чело на Арсенал – 32.

Неговите победи се четири повеќе од оние на легендарниот Џорџ Алисон (кој го водеше Арсенал помеѓу 1934 и 1947). Неговиот претходник Венгер има 23 победи во своите први 50 натпревари.

Шанси за трофеј и пласман во Топ 4

„Не очекувајте чуда од Арсенал во првата сезона на Емери“, рече минатото лето легендата на „топчиите“, Јан Рајт. Славниот напаѓач од 90-тите години на минатиот век повика на трпеливост со шпанскиот стратег, кој имаше многу тешка задача поради наследството на Венгер.

Но, на почетокот, сепак, Емери одби да ги прифати пониските критериуми. Иако многу успешната ера на Венгер, обележана од 17 трофеи и освојување на титулата без загубен натпревар (2004 година), во последните години Арсенал на Французинот ја симан границата. За „топџиите“ поважно беше да се во топ 4 на табелата (пропуштено во последните две сезони) и да се во финансиска добивка.

И покрај тешкиот старт (порази од Манчестер Сити и Челзи), Емери успеа да го стабилизира својот тим. Тој запиша серија од 22 натпревари без пораз (најдобра од сезоната 2004) и тој, исто така, успеа да ги убеди играчите во своите методи.

Иако тимот е многу убедлив на „Емирати“ и израмни 21-годишен рекорд за домашни победи, тимот покажа променлива игра надвор од Лондон. Во последните седум дена, Емери успеа да го стабилизира ова бидејќи Арсенал забележа две многу важни победи далеку од дома. Успехот над Ватфорд во понеделникот беше само втор како гостин во Премиер лигата од 29-ти јануари. Тој ги остави „топџиите“ на пол-позиција во борбата за првите 4.

„Сега се зависи од нас. Се наоѓаме пред директните конкуренти и беше многу важно да гопобедиме Ватфорд. Тимот не беше убедлив во последно време како гостин, но успеа да ги надмине овие проблеми“, рече Емери.

Само три дена подоцна, Арсенал постигна нешто уште потешко откако го порази Наполи во својот дом. „Топџиите“ станаа само втор тим што го направил тоа во сезоната по Јувентус.

„Горд сум на тимот и однесувањето на момчињата. Тие покажаа дека свикнуваат да играат против големи тимови во атмосфера на големи натпревари и тоа не ги загрижува. Ние се докажуваме на големите сцени со секој изминат натпревар“, прокоментира Шпанецот по успехот на „Сан Паоло“.

Во полуфиналето на Лигата на Европа, Арсенал ќе се состане со Валенсија, еден од поранешните тимови на Емери. Тој ги водеше „лилјаците“ помеѓу 2008 и 2012 година, освојувајќи три последователни трети места во Ла Лига. Големата цел на Баскиецот останува уште еднаш да ја освои Лигата на Европа. Тој има три трофеи во турнирот со Севиља (2013-14, 2014-15, 2015-16), а четврти триумф ќе го направи најуспешниот тренер во историјата на натпреварувањето.

Споредбите со Венгер

„Не сакам да ме споредуваат со Арсен Венгер, бидејќи тој даде многу на Арсенал. Благодарам на Арсен за неговото прекрасно наследство, но сега за клубот доаѓа нов период“, рече Емери при промоцијата на „Емирати“.

Споредбите не можеа да се промашат откако Французинот помина 22 години на чело на клубот. Меѓу навивачите, имаше голема загриженост поради она што се случи во Манчестер Јунајтед по напуштањето на Сер Алекс Фергусон.

Најуспешниот англиски тим беше предводен од легендарниот Шкот 26 години, а по неговото заминување во 2013 година, падна во криза од која едвај сега се обидува да излезе.

Емери го избегна ова сценарио, откако не се грижи да прави какви било промени. Неговите методи функционираа и по 30-тото коло во Премиер лигата, откако Арсенал имаше 12 поени повеќе од истата фаза пред една година. Тимот го потврди нивниот напредок со двојно повеќе поени освоени против тимовите од топ 6. Постигнатите голови исто така беа значително повисоки отколку во истиот период пред една година.

Баскиецот има девет победи повеќе од Венгер во првите 50 натпревари во Арсенал, но и пораз повеќе од Французинот (11 – 10). Разликата во постигнатите голови: 94 за Емери (во просек по 1,94 за натпревар) и 88 за Венгер (просек од 1,76 по натпревар). Сепак, Арсенал на Венгер е оној со подобри показатели во одбраната, бидејќи има само 46 примени гола во првите 50 натпревари.

Резултатот помалку голови, примени на натпревар, се должи во голема мера на одбраната која Венгер ја наследи од Џорџ Греам, со Тони Адамс, Стив Боулд, Мартин Кион и Ли Диксон. Во овој поглед одбраната која Емери ја наследи од Венгер, логично отстапува со примени 53 гола во 50 натпревари.

„Арсенал го докажа својот развој – мислам дека нема различни мислења по ова прашање. Што и да се случи одовде до крајот на сезоната, Емери заслужува пофалби за стореното со тим кој сериозно отстапува по класа од останатите претенденти во Англија. Мислам дека постигнатото се должи најмногу на неговите тренерски вештини и тактички решенија во текот на сезоната“, изјави поранешниот играч на Арсенал, Џорџ Хартсон во анализата на дуелот со Наполи.