110
Едноставен рецепт за совршен десерт…
СОСТОЈКИ:
5 лажици булгур житарици
1/2 шолја јагоди
1/2 шолја млеко
3 лажици лешници
1/2 лажица јаворов сируп или мед
прстофат мелен цимет
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Измешајте до пола готвен булгур со овошје и лешници. Млекото малку загрејте го и прелијте преку житариците и овошјето.
Додајте сируп и цимет и сè измешајте и оставете кратко да отстои за житариците да попримат од течноста.