Ова е деталната листа на највлијателни луѓе во светот за 2019 година според Time

од desk2
205 прегледи

Магазинот TIME ја објави својата годишна листа со 100 највлијателни луѓе во светот за 2019 година, на која се најдоа селебрити личности и спортисти како Ариана Гранде, Леброн Џејмс, Тајгер Вудс, Спајк Ли и многу други. Листата е поделена на пет категории: Пионери, Уметници, Лидери, Икони и Титани, при што секој инфлуенсер бил интервјуиран од други лидери од својата категорија затоа што секоја година почесните личности добиваат краток текст посветен на нив, а напишан од друга позната личност.

Освен кошаркарот Леброн Џејмс и легендата на голфот, Тајгер Вудс, други познати спортисти на листата се јапонско-американската тениска сензација Наоми Осака и египетската фудбалска ѕвезда Мохамед Салах. Минатата година Осака стана првата азиска спортистка која се најде на број 1 на листата на WTA, а неодамна потпиша договор со Nike. Салах се смета за еден од надобрите фудбалери во светот и претставува сила самиот по себе. Се има појавено во кампањи за големи брендови како Pepsi и Аdidas.
Во годинашната листа се вклучени и познати имиња од модната индустрија. Клер Вејт Келер од француската козметичка и модна куќа Givenchy, која откако се приклучи во компанијата во 2017 година ја освежи модерната естетика на брендот и лансираше производи како авангардните патики „вилици“. Креативниот директор на италијанскиот бренд Valentino, Пјерпаоло Пичиоли, е дел од иновативниот проект Moncler Genius.
На листата со пионери на прво место е актерката Сандра Оу, а веднаш по неа е американската актерка и модел Индија Мур. На листата со уметници на прво место е актерот Двејн Џонсон, попознат на публиката како „Карпата“ или The Rock. На второ место е американската актерка и режисер Реџина Кинг, а на трето место е американскито пејач Калид.
На листата со икони на прво место е пејачката Тејлор Свифт, следена од поранешната прва дама на САД, Мишел Обама и американскиот продуцент, писател и актер Спајк Ли. Листата со титани ја предводи фудбалерот Мохамед Салах. На второ место е кошаркарот Леброн Џејмс и на трето место е Џенифер Хајман, извршен директор и соосновач на компанијата Rent the Runway.
Во последната, петта категорија, лидери, на прво место е американската политичарка Ненси Пелоси. На второ место се најде претседателот на САД, Доналд Трамп, а на третата позиција е е шведаката тинејџерка, која го одушеви светот со своето залагање за борба против клиамтските промени, Грета Тунберг.