Ова се шестите претседателски избори во земјава и првите избори откако е ратификуван Преспанскиот договор. Следниот претседател ќе биде петтиот претседател од независноста наваму и првиот претседател на Република Северна Македонија. Актуелниот претседател Ѓорѓе Иванов, којшто се противеше на Договорот со Грција, отслужи два мандата како претседател на републиката, односно максималниот број мандати за кои што може да се натпреварува еден граѓанин за оваа функција согласно Уставот, бележат истражувачите на ИРЛ.

Како се станува победник
Согласно Изборниот законик, во првиот круг еден кандидат може да стане претседател само ако освоил мнозинсто од гласовите од вкупнот број гласачи плус еден од вкупниот број на гласачи запишани во избирачкиот список.
Во вториот круг излезноста треба да е 40 проценти за да може да се избере претседател.
Кандидати за претседател
Во трката се тројца кандидати, од кои што двајца се Македонци, еден е етнички Албанец. Двајца се мажи, еден е жена. Ова е втор пат жена да успее да влезе во претседателска трка за претседател. Имало и претходно жени кандидатки но не успеале да добијат цензус за кандидатура, освен во 2009 година, кога Мируша Хоџа не успеа да влезе во вториот круг на избори.
Иако секој од кандидатите е поддржан и финансиран од одредена политичка партија, во текот на кампањата сите кандидати инсистираат да бидат именувани како независни кандидати.
Што ако не се постигне цензус
Постигнување цензус е една од најпроблематичните теми. Голем број на партиски службеници, експерти и новинари изразија загриженост околу постигнување на цензусот. Некои од нив и ги обвинуваат двете големи партии, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ дека работат на тоа да не се оствари цензус, со цел да има предвремени парламентарни избори во септември.
На кампањата на ВМРО-ДПМНЕ се гледа како на кампања за парламентарни избори, додека пак кампањата на СДСМ, аналитичарот Алберт Муслиу ја оцени како не доволно видлива, со многу грешки во комуникацијата со јавноста, што остава впечаток дека тие имаат недостаток на интерес за истата.
Други пак, на целата предизборна кампања на двајцата кандидати поддржани од СДСМ и ВМРО-ДПНЕ гледаат како на дуел помеѓу Христијан Мицкоски и Зоран Заев.
Во интервју за ТВ21, премиерот Зоран Заев изјави дека очекува цензусот да биде постигнат, а и опозициската ВМРО ДПМНЕ е убедена дека ќе има голем одзив во првиот круг ….