Новиот iPhone XS и iPhone XS Max најверојатно ќе имаат тројна главна камера

од Vlatko K
93 прегледи

И трите нови модели на iPhone, кои се очекуваат оваа година, ќе располагаат со единечна предна
камера со 12MP сензор, покажа анализата на Минг-Чи Куо. За споредба, сегашните предлози на
компанијата се со 7MP предна камера.


Посериозни промени се очекуваат при основните камери, откако iPhone XS (5.8-инчи) и iPhone XS
Max (6.5-инчи) ќе имаат троен модул, какви рендери веќе видовме. Тој најверојатно ќе се состои од
12MP телефото сензор, широкаголен од 12MP и ултра широкоаголен од 12MP.

Интересно, информациите на Куо за присуството на темна покриеност на леќите на ултра
широкоаголната и на предна камера во следниот iPhone XS и iPhone XS Max. На овој начин, тие ќе
бидат помалку забележливи и добро ќе се вклопат во дизајнот на уредите

Исто така, ќе има подобрување на следната верзија на iPhone XR, која има 6.1-инчен дијагонален
LCD екран и двојна главна камера.

Куо очекува нови паметни телефони да се појават во втората половина од 2019 година, што не е
изненадувачки, бидејќи традиционално ова се случува во септември.