Раководството на Јувентус планира да понуди нов договор на својата млада ѕвезда, Мојс Кин. Оваа
сезона тој изгреа на сцената во Серија А, откако донесе неколку важни победи за неговиот тим
откако се појавуваше како резерва.

„Le10Sport“ информира денеска дека се очекува во најскоро време шефовите на „бјанконерите“ да
му понудат нов договор на Италијанецот, кој ќе му носи по 2,5 милиони фунти по сезона.
Причината за желбата на Јуве да го обнови договорот е сериозен интерес од францускиот шампион
ПСЖ. Парижаните се подготвени да го позлатат младиот италијански напаѓач кој во 2019 година
има шест гола во осум натпревари.