Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави дека не сака неговите играчи да ги заборават
чувствата, кои ги доживеаја по драматичната елиминација од Тотенхем во четвртфиналето на
Лигата на шампионите.

Утре двата тима излегуваат повторно еден против друг на „Етихад“, а дуелот е од исклучително
значење за амбициите на Сити и Тотенхем.
„Мислите дека веќе сме заборавиле на тоа што се случи? Не. Не сакам играчите да заборават она
што го доживеаја. Ќе биде потребно време. Тие треба да живеат со тоа. Преживеаното во средата
беше неверојатно од гледна точка на емоциите. Ние сме среќници дека имавме шанса да
преживееме такво нешто. Повеќе од 65.000 луѓе го доживеаја највозбудливиот момент и една
секунда потоа беа скршени. Беше неверојатно колку добро игравме. Но таков е фудбалот, таков е
животот. Сега е важно како ќе реагираме. Треба да се бориме“, вели Пеп.
„Реагиравме на ексклузивен начин, кога губевме со 2: 1. Требаше да постигнеме три гола и го
направивме тоа. Постигнавме уште еден, но тој беше по офсајд од неколку сантиметри. Треба да се
научиме да живееме со слични ситуации, да ги прифатиме. Болно е и ќе присуствува во нашите
мисли, но да гледаме назад нема да ни е од помош. Беше тешка ноќ, но следниот ден се
исправивме на нозе и тргнавме напред. Овие играчи имаат друга можност да покажат дека се
способни да се справат“, изјави Гвардиола