Младата ѕвезда на Рома, Џенгиз Ундер, пристигна во тимот летото 2017 за да го замени Мохамед
Салах, кој се пресели во Ливерпул. „Волците“ го зедоа од Истанбул Башакшекир, а силната игра на
младиот турски репрезентативец доведе до сериозен интерес за него.

Во оваа сезона, Ундер има 12 гола на сите турнири, но неколку повреди го запреа неговиот поход и
тој запиша само 15 натпревари како стартер. Сепак, интересот за него не е мал, и самиот играч
имплицираше дека ќе игра во Манчестер Сити.
Ова се случи во интервју за Goal, во кое тој откри дека сака да игра еден ден рамо до рамо со својот
идол – Давид Силва.
„Секогаш сум велел дека е неверојатно да гледам големи фудбалери. Играчот на кој му се
восхитувам многу и обожавам да го гледам е Давид Силва. Редовно гледам негови видеа и ми се
допаѓа исклучително многу неговиот стил. Го обожавам и за тоа се надевам дека еден ден ќе
можеме да играме заедно“, изјави Ундер.