Манчестер Јунајтед ќе ги разгледува понудите за својот напаѓач Ромелу Лукаку и при добра таква
ќе се раздели со него по крајот на сезоната, тврди британското издание „Телеграф“.

Тимот планира големи промени во текот на летото, бидејќи Оле Гунар Солскјер сака тимот да се
врати на трофеите, но јасно сфаќа дека во сегашниот состав тоа тешко може да се случи. Белгиецот
одигра силни натпревари за тимот, но генерално неговиот тренер смета дека не е вистинскиот
човек на долг рок.
Целата идеја е да се продаде Лукаку за да се додадат сериозни средства во буџетот за трансфери.
Се верува дека Интер, ПСЖ и Баерн Минхен веднаш ќе почнат да конкурираат за белгискиот ас на
„црвените ѓаволи“ и дефинитивно цената ќе биде висока.
Во оваа сезона во Премиер Лигата, Ромелу одигра 29 натпревари и реализираше 12 погодоци