Пилотот на кралското семејство си дал отказ поради тешкиот карактер на Меган

од Vladimir Zorba
147 прегледи

Пилотот на кралското семејство на Велика Британија ја напуштил работата, бидејќи не сакал да прави редовни летови за да ѝ го носи појадокот на војвотката на Сасекс, пренесе извор пред Radar Online.

Пилотот веќе неколку години работи за кралското семејство, но уморен е од постојаните летови за Маркел. Изворот додаде во публикацијата дека пилотот бил третиран како “летечка испорака за храна”.

Во моментов му бараат заменик и според пораката за оглас на работата, објавена во одделот “Кралско семејство”, платата е 105 илјади долари годишно.

Од човекот кој ќе ја заземе должноста се бараат следниве вештини: Планирање и извршување на летови на кралскиот хеликоптер, настапи на кралски семејни задачи и други административни задачи.

Пилоток кој даде отказ е четвртиот член на кралската послуга кој го напуштил кралскиот двор поради сложениот карактер на Меган Маркел. Меѓу вработените кои се откажуваат од работа е Саманта Коен, која ѝ помогна на Меган во нејзините први чекори како свршеница, а подоцна и како сопруга на принцот Хари. Коен отслужи 17 години во палатата, но одлучи да замине по раѓањето на бебето. Друг вработен не ја преживеа тензијата и барањата на поранешната актерка, а исто така и ја напушти функцијата.

По свадбата, Хари посебно им наложи на вработените да прават што сака Меган. Сепак, неговата баба е незадоволна од екстравагантното однесување на новиот член на кралското семејство и има многу различен поглед на воспитувањето на бебето кое го чека. Во април британската кралица Елизабета II ѝ забрани на Меган да носи накит од својата колекција.