Црна Гора: Уапсен подофицер поради 50 кг кокаин на брод за обука

од Vlatko K
120 прегледи

Воената полиција на Црна Гора го уапси подофицерот Душко Раденовиќ поради сомнение дека бил вмешан во трговијата на 50 кг кокаин, запленети на бродот за обука „Јадран“ во Тиват.

Дрогата била откриена врз основа на оперативни сознанија на Министерството за одбрана. Во вчерашната акција е приведен Раденовиќ поради сомнение дека знаел за намерата на, засега неидентификувано лице, да криумчари кокаин.

Покрај дрогата, пронајдени се и повеќе парчиња нелегално оружје, јави Радио-телевизија Црна Гора.

Истрагата треба да утврди кој бил логистика, дали уште некој од членовите на морнарицата знаел за шверцот, а и за тоа каде била товарена дрогата и кому требала да биде испорачана