Автомобили, мотоцикли и повеќе канти за ѓубре и барикади беа опожарени во источниот дел на Париз , откако протестите на “жолтите елеци” во 23-та последователна саботата прераснаа во пожари и различни местасо насилство, соопштуваат локалните медиуми.

Пожарникарите во Париз се борат со многу мали, но импресивни пожари околу плоштадот . Мирисот на солзавец се измеша со задушувачки црн чад.
Француската телевизија покажа снимка од волонтери кои помагаат на демонстрант облечен во жолт елек, лежејќи на земја.

Иако оваа ситуација беше напната во овој источен округ, денешните протести на жолтите елеци беа мирни. Многу демонстранти се разочарани дека меѓународните напори за помош на опожарените катедрала “Нотр Дам” ги засени тековните веќе пет месеци протести на движењето на жолти елеци, кои се започнаа против поскапувањето на животот и нееднаквоста во распределбата на приходите.