Македонија на овие избори покажа европски капацитети

од desk4
121 прегледи

Денешниот ден  од првиот круг  на претседателските избори во Северна Македонија  во кои се натпреваруваа тројца кандидаати Стево Пендаровски (СДСМ), Гордана Силјановска Давкова (ВМРО ДПМНЕ) и Блерим Река( АA &Беса), помина во апсолутно демократски амбиент на гласање.

Меѓународните и домашни набљудувачи едндоставно немаа што да сработат освен да бидат пасивни набљудувачи на европскиот процес на гласање. Инцидентните неправилности дефинитивно нема да влијаат на резултатите на изборниот процес, и веќе во старт беа дефинирани како незначителни или процедурални недоследности. Некои гласачи не можеа да се најдат на избирачкиот список но тоа буквално нема никакво влијание на процесот.

Задоволни се и од ДИК.

Претседателот на ДИЛ Оливер Деркоски изнесе преодна оценка за изборниот ден. -Врз основа на она што преку целиот ден го следевме можам да кажам дека изборниот ден за овие претседателски избори добива една преодна оценка со оглед на многу малиот број ситуации во коишто имаше можеби нарушување на гласачкото право на гласачите. Тие го искористија нивното право на приговарање ние по нивните приговори одлучивме .

Сметам дека воглавно  денот со исклучок на местата што изутрината не беше отворено помина добро и се надевам дека преостанатите половина час ќе поминат исто така во мирна и добра атмосфера. Ќе можеме многу бргу тука да ги добиваме резултатите и да видиме како гласале граѓаните, рече Дерковски, на половина час пред затворање на избирачките места.

Институциите на РСМ покажаа дека можат да организираат мирни и демократски избори како што и доликува на земја која наскоро ќе стане членка на НАТО и е на пат за членство во ЕУ, истакна вечерва министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на прес-конференција по затворањето на гласачките места за избор во првиот круг на претседателските избори.

Тој на граѓаните на нашата држава им честиташе за мирниот изборен ден, се заблагодари на припадниците на МВР кои ги преземаа сите мерки за изборниот процес да помине демократски и фер.

И од штабот на СДСМ се јавија со оценка дека процесот беше чист.

Изборниот ден помина во исклучителна мирна, фер и демократска атмосфера. Имавме кристално чист прв изборен круг од претседателските избори. Имавме скандинавски избори, како што доликува на држава, идна членка на НАТО и ЕУ, оцени Александар Кирацовски, шеф на изборниот штаб на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.

Истакна дека очекува првичните резултати кои би можело да бидат познати после девет часот да покажат дека во првиот круг кандидатот поддржан од СДСМ и коалицијата е победник.

Од изборниот штаб на претседателскиот кандидат Блерим Река оценија дека денешните избори поминале во фер и демократсска атмосфера.

-Нашиот впечаток од овие избори е дека поминаа во многу фер и демократска атмосфера со многу мал број неправилности, рече Рамадан Реџепи, портпаролот на изборниот штаб на Река.

Според него, загрижувачки е фактот што е мал процентот на излезност на овие избори и ова, според него, ја потврдува нивната теза дека 1/4 од населението е иселено од Републиката.

ОД штабот  на ВМРО ДПМНЕ, исто така генерално се задоволни од мирниот изборен ден.

Тие најавија прес конференција за половина час.