На Шри Ланка уапсени 13 осомничени лица за нападите во кои загинаа над 200 луѓе

од desk4
148 прегледи

Полицијата уапси 13 луѓе под сомнение дека се поврзани со вчерашните терористички напади на Шри Ланка, изјави синоќа министерот за одбрана Руван Вијеварден.

Тој додаде дека при самоубиствените напади врз цркви и хотели загинаа над 200 луѓе, а стотина беа повредени.

Се уште никој не презеде одговорност за нападите.

Премиерот на Шри Ланка, Ранил Викремешинг наведе дека нападите би можеле да предизвикаат нестабилност во земјата. Тој истакна дека Владата ќе ги искористи сите можни овластувања да дејствува против одговорните за нападите.

Надбискупот на Шри Ланка, кардинал Малком Ранџит побара од Владата „без милост“ да ги казни одговорните за нападите, додавајќи оти „само животните можат вака да се однесуваат“.

Вчерашниот напад на Шри Ланка беше најголем уште од 26-годишната граѓанска војна, кога бунтовничката група Тамилски тигри извршуваше голем број бомбашки напади за независна тамилска држава во северниот дел на Шри Ланка.