Напаѓачот на Манчестер Сити, Рахим Стирлинг даде совет како да се извојува победа бо борбата со
расизмот во модерниот фудбал. Во март фудбалерите на Англија беа навредувани на расна основа
во квалификацискиот натпревар за Европското првенство 2020 против Црна Гора (5:1). На 19 април
англиските првенства учествуваа во бојкотот на социјалните мрежи во знак на протест против
расистичките навреди.

„Казните мора да бидат потешки од паричните казни, кои не влијаат врз богатите клубови и
здруженија, па затоа предлагам да се воведе правило кое, во случај на расизам од страна на
навивачите да бидат одземени девет поени. Звучи грубо, но кој обожавател ќе го преземе ризикот и
ќе упати расистички слогани ако неговиот тим потоа падне во пласманот. Исто така, клубовите
треба да бидат казнети со три натпревари без гледачи. Така ќе почнат да губат пари поради
расизмот“, изјави Рахим Стирлинг за „One Football“.