Солскјер: Јас сум вистинската личност за Јунајтед

од Vlatko K
84 прегледи

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер изрази уверување дека останува
најсоодветната личност да ги води „црвените ѓаволи“.

Тешкиот пораз од 4:0 од Евертон во текот на изминатата недела донесе по себе бројни критики кон
фудбалерите, раководството и кон самиот Солскјер.

Незадоволството сепак не му пречи на Норвежанецот.

„Уверен сум во мојот штаб и во самиот себе. Подготвен сум за овој предизвик. Знам дека задачата
ќе биде тешка, но токму затоа ја прифатив“, изјави Оле.

„Не ми се допаѓа да губам, но тоа е голем предизвик. Кога резултатите се лоши треба да имаме
самодоверба да излеземе и да кажеме дека тоа е патот по кој ќе одиме. Размислуваме за
иднината“, самоуверено додаде легендата на Јунајтед.

20-кратните шампиони на Англија го пречекуваат утре градскиот ривал Сити во дербито на
Манчестер.