„Се надевам дека институции на верката заедница тоа ќе да го решат врз основа на стусот на ИВЗ“, рече Артан Груби од ДУИ при гостувањето во Топ тема на Телма.

Тој смета дека статусот на поглаварот не се решава преку судски инстанци, туку преку легално собрание на ИВЗ.
На прашање дали ова има влијание врз политичката ситуација, Груби рече дека се може да влијае врз политиката посебно во периодот пред вротиот круг на избори за претседател на државата.
„Меѓуреските и интерверските односи се клучни за стабилноста во општеството и верските институции мора да ја решат ново настанатата ситуација“, смета Фросина Ременски од СДСМ.
„Политиката не е надвор од случувањата во ИВЗ“, рече Антонио Милошовски од ВМРО – ДПМНЕ.
Тој истакна дека висок функционер во собранието е многу заинтересиран за смена на раководството на ИВЗ.
„Ова се политичко вмешувања на високи партиски фунционери од владеачката коалицијата“, го истакна Милошоски својот став без да прецизира за кој точно станува збор.
„Невкусна е оваа квалификација за политичко вмешување во случувањата во ИВЗ“, рече Ременска.
Пред малку Телма ја пренесе изјавата на Скендер Бузаку кој рече: „Од утре си даваме заклетва и ќе се организираме како верници јас сум новиот поглавар на ИВЗ и тоа врз основа на сите внатрешни акти и врз основа на судско решение“.
Тој ја известил и финансова полиција која треба да направи увид на досегашното работеше на поглаварот Сулејман Реџепи во ИВЗ.